Rimac Concept_Two

Зошто да играш според правилата кога можеш да ја смениш играта?

Со зборовите зошто да играш според правилата кога можеш да ја смениш играта, Мате Римац ја подгреа атмосферата најавувајќи го својот нов хиперавтомобил
Објавено на 30 јануари 2018 година

Rimac Concept_Two е планиран за покажување идниот месец во Женева, каде ќе се дознаат неговите карактеристики. Но сигурно е дека ќе биде посилен, побрз и поскап од сегашниот Concept_One кој располага со располага со 1.224 електрични коњски сили. Иако направен во само 8 примероци плус два за трки, тој привлече огромно внимание. Предизвика и доста контроверзии но и конкретна заинтересираност на потенцијалните инвеститори кои веќе ги понудија своите пари. Со нивна помош хрватскиот претприемач планира да произведе 100 до 150 примероци од новиот модел. За него тој порано има изјавено дека ќе биде нешто полудо и технички понапредно од Concept_One, кој постигнува 355 километри на час и има цена од милион евра. Ќе бидат подобрени и аеродинамиката и ергономијата, но ДНК-та ќе му остане иста. Дека не се работи за празни ветувања сведочи и бројката од 250 вработени колку што сега ги има Rimac Automobili, за разлика од времето пред Concept_One кога беа само петмина.

Видео

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, видео, Rimac Concept_Two

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии