„Злосторствата против човештвото“ на филипинскиот претседател

Објавено на 6 февруари 2018 година

Веруваме секој љубител на автомобили така би ја оквалификувал акцијата на филипинските власти за борба против криминалот и корупцијата во која уништија дваесетина луксузни автомобили, што лично претседателот Родриго Дутерте ја следеше. Тој гледајќи ги булдожерите и останатата тешка механизација како блескавиот лим на возилата од марките Mercedes, Jaguar, Porsche, Corvette па дури и McLaren, го претвара во старо железо, изјави: „Дајте им го тоа на производителите на челик, нека направат играчки“. Возилата се криумчарени и дел од запленетите од страна на царинската служба на Филипините. Официјалните податоци велат дека лани е запленета стока во вкупна вредност од 866 милиони долари, меѓи кои и возила вредни 2,93 милиони долари.

 

Видео

клучни зборови: занимливости, видео

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии