Женева 2015

Од денес сонцето над Женева потопло грее
Објавено на 4 март 2015 година

Најзначајниот пролетен салон на автомобилите од денес ширум ги отвори своите врати. Во претходните два дена најпрво нé пречека нас новинарите кои бевме околу 10.000, со задача она што ќе го видиме на комплетно распродадениот простор да ви го пренесеме вам. А видовме многу - на ова 85-то издание на салонот во Женева 220 изложувачи се претставуваат со 900 возила, од кои 130 премиери. Нив ќе ги видат и околу 700.000 посетители, кои сé до 15 март ќе издвојат по 16 швајцарски франци за влезница.

Оние што ќе дојдат со автомобил во работните денови ќе ги чекаат 5.600 паркинг места, а во викендите преку 10.000, додека на оние што ќе сакаат да дојдат со воз од внатрешноста на Швајцарија или со јавен градски превоз од Женева на располагање ќе им бидат комбинирани билети за превоз и влез во саемскиот комплекс Palexpo. Оние, пак, што ќе останат дома, најновите случувања под врелите рефлектори ќе можат да ги следат токму на оваа страна.

клучни зборови: салони, Женева

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии