Започна протерувањето на дизелите и од другите градови

Објавено на 1 март 2018 година

Кратко после дозволата што ја добија германските градови за протерување на дизелите од своите улици, домино-ефектот се пренесе и во Рим - тамошните власти најавија дека планираат до 2024 година да го забранат возењето на дизел автомобили во центарот на градот. Рим е еден од сообраќајно најзагушените европски градови и дом на повеќе илјади споменици кои се загрозени со загадувањето на воздухот. Затоа и не е изненадување храброста со која настапи градската администрација во усвојувањето на вакви одлучни мерки, посебно кога се знае дека Италијанците се големи поклоници на дизел-технологијата - околу две третини од вкупно 1,8 милионите нови автомобили продадени лани во Италија беа со дизел мотори.

Во Рим скоро и да нема некои поголеми индустриски погони, така што скоро сето загадување на воздухот потекнува од моторните возила.

клучни зборови: занимливости

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии