Škoda Scala

Замената на Rapid ќе има и ново име

Концептот Vision RS најави како ќе изгледа, а Škoda сега го објави и името на наследникот на Rapid
Објавено на 16 октомври 2018 година

Запаметете го името Scala бидејќи во иднина често ќе го слушате - во Škoda одлучија наследникот на Rapid да се вика токму така. Освен новото име и изглед, овој модел ќе има и нов концепт - место седан со пет врати и полукараванската Spaceback изведба, ќе биде хечбек со димензии некаде меѓу 
Škoda Scalaкомпактните и субкомпактните. Пополнувајќи празнина за која досега VW одбиваше да даде дозвола да се пополни, Scala ќе цели да стане еден од носечките модели во гамата. Заради тоа и механиката ќе и биде посовремена од онаа на Rapid. Наново развиен, овој модел ќе има и поинакви габарити, повеќе прилагодени на барањата на купувачите. Ќе биде подобрена и безбедноста, а опременоста ќе биде во согласност со стратегијата на марката.

Од Škoda сé уште се воздржани во најавите, така што освен името практично за сé набројано одбиваат да зборуваат - дури и неговиот изглед не го поврзуваат со тукуштопретставениот концепт. Сепак е јасно дека со Scala многу што ќе се промени во понудата на оваа популарна буџетска марка. Ќе биде претставен пред крајот на годинава, а не е објавено каде ќе се произведува и на кои други пазари освен европскиот ќе се продава.


Škoda Scala

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, Škoda Scala

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе