Aston Martin Vanquish Zagato Shooting Brake

Zagato каков не очекувавте

Кога ќе се спомене Zagato веднаш се помислува на нешто бесно или ултра-елегантно, но…
Објавено на 4 декември 2018 година

Италијанската дизајнерска куќа Zagato е позната по обликувањето на бројни спортски и GT модели и соработката со најугледните авто-компании. Такво е и последното нивно дело кое доаѓа со знакот на Aston Martin и навистина плени. Но на почетокот на 70-тите тие направија едно сосема поинакво возило. Дотогаш Zagato веќе ја имаше изградено својата репутација и реши да се испроба на полето на микроавтомобили, и тоа на струја. За жал многу предвреме, но сепак малиот и коцкаст Zele, како што се викаше, беше произведен во околу 500 примероци. Се појави во Женева во 1972 година и претставуваше сé спротивно од другите возила што го носеа потписот на Zagato. Беше базиран на механичката основа на Fiat 500 и се произведуваше во три верзии со ознаки 1000, 1500 и 2000. Интересно е дека овие бројки ја означуваат моќноста на електромоторот - во вати. Уште поинтересно е дека максималната автономија што му ја обезбедуваа 4-те батерии од 12 V изнесуваше околу 80 km.


Zagato Zele


Zagato Zele

клучни зборови: занимливости, Zagato Zele

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • McLaren 720S Spider

    Може и без покрив

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе