Забавата може да почне

Чешката Škoda го означи вистинскиот почеток на пролетта со две забавни содржини
Објавено на 30 април 2015 година
автор: инг. Владимир Рибецки

 Škoda FunStar

Ова е новиот автомобил од соништата на 23 практиканти на Škoda. Неконвенционалниот пик-ап наречен FunStar настана врз основа на новата Fabia со нивно целосно залагање и е следбеник на минатогодишниот успешен концепт CitiJet. Целта на ваквите проекти на чешкиот производител е да се даде максимална поддршка за подобрување на креативноста и стручноста на младите практиканти во фабриката. А тие како главни состојки за ѕвездата која ќе ги забавува посетителите на сенародниот VW собир на австриското езеро Вертерзее избра 1,2 литарски TSi мотор со 122 KS (сакаа 1,8 литарски, ама едноставно не го собираше под бесната хауба), седумстепен менувач со двојна спојка и 18-инчни Gemini тркала од Octavia RS и сето тоа го украсија со доста интересно LED осветлување. Поширокиот средишен столб и засилените страници на товарниот дел ја задржуваат крутоста на каросеријата на концептот, чиј духовен предок Felicia Fun Чесите од 1997 од 2000 година го произведоа во точно 3.992 примерока. Токму тој факт дава малку надеж дека преку 1.400-ватното озвучување ќе се слушне гласот на инвентивните практиканти на Škoda овој интересен пик-ап да не остане само музејски експонат.

 Skoda FunStar

 Škoda Fabia R5Втората пролетна содржина од Škoda иако е од забавен карактер, е посериозна и се однесува на тркачката Fabia R5, која го имаше своето деби на релито Шумава Клатови, прво од чешкиот шампионат. Таму на лице место и од прва рака слушнавме дека Јан Копецки, кој со минута и 34,6 секунди предност победи пред Брајан Буфие со Citroen DS3 R5, поминал околу 10.000 km тестирајќи ја Fabia R5! Во тоа нему друштво му има правено Рајмунд Баумшлагер, кој ќе биде и првиот на кого ќе му биде испорачан новиот чешки рели автомобил од вкупно 20 до 25, колку што годинава Škoda планира да произведе. Има заинтересирани, бидејќи првите нарачки потврдени со депозити беа примени уште на средината од минатата година.

Škoda започна со развојот на овој модел кон крајот на 2013 година. Неговиот 1,6 литарски турбо мотор целосно е развиен од Škoda Motorsport врз основа на 1,8 литарскиот EA888 TSi мотор, затоа што овој автомобил е наменет за приватни тркачки тимови, а токму тој агрегат ним ќе им ја обезбеди потребната робусност, а на инженерите повеќе можности за иден развој во споредба со 1,2 литарскиот TSi, иако е многу потежок од него. А во однос на идниот развој, како што ни кажа тимскиот шеф Михал Храбанек, нема да се подготвува R2 верзија затоа што за неа нема соодветен мотор, но во очекување на промените од FIA и за тоа постои можност. Постои можност за учествување во други дисциплини, дури и на кружни натпревари (WTCC?), но барем за оваа година Škoda ќе биде фокусирана кон својот нов рели автомобил и неговото тестирање и докажување.

 Škoda Fabia R5

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, Škoda

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии