Mercedes CLS

Враќањето на оригиналот

Изгледот на новиот CLS истовремено ја одржува и аурата на првата генерација на овој модел, кој брзо стана дизајнерска икона
Објавено на 1 декември 2017 година

Новиот Mercedes CLS е пионер на наредното дизајнерско изразување на марката. Препознатлив е по своите јасни контури и дискретни линии. Неговиот карактер го одбележуваат истурениот преден дел, маската која се шири према доле и ниско поставените предни светла. Меѓу другите особености се и дводелните задни светла со 3-Д ефект и безвремената купе силуета. Изгледот на новиот CLS истовремено ја одржува и аурата на првата генерација на овој модел, кој брзо стана дизајнерска икона. Затоа и ги има познатите гени со истакнати но рамни бочни линии и спуштен застаклен дел. Тој е пример на логична дизајнерска еволуција во која острите рабови и површини значително се смалени и со леснотија обединети.


Mercedes CLS Токму како и неговиот претходник, сегашниот CLS просто зрачи со самоувереност и спортска пргавост. Заедно со елеганцијата и динамичноста што ги поседува прават да биде исклучително емотивно возило. Во духот на големите модели на марката располага со импресивен комфор и сериозно ниво нови технологии. Сите верзии на CLS се опремени со нови редни шестцилиндрични мотори. На почетокот ќе бидат три. Два се дизели со 286 и 340 коњи, а третиот турбо-бензинец со 367 коњски сили засилени со уште 22 електрични. Сите се трилитарски, спарени со деветстепена автоматска трансмисијата.

Новата купе-лимузина со четири врата на Mercedes ќе започне да ги освојува европските купувачи во март идната година. Американците се малку разочарани што ќе мора да чекаат до есента, но затоа ќе го добијат и во хибридизираната AMG 53 верзија.


Mercedes CLS

клучни зборови: новитети, Mercedes CLS

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 2

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе