Volvo XC60

Volvo XC60 најбезбеден автомобил

Со освоени 98% од бодовите за безбедносна на возрасните, 87% за децата, 76% за пешаците и 95% за безбедносните системи, Volvo XC60 стана најбезбеден автомобил во историјата на EuroNCAP
Објавено на 28 јануари 2018 година

Европската агенција за унапредување на безбедноста во сообраќајот EuroNCAP го објави својот редовен годишен извештај во кој се истакнува една работа - Volvo XC60 е најбезбедниот автомобил досега тестиран во нејзината историја. До оваа констатација е дојдено со собирањето на бодовите освоени во четирите категории - возрасни лица, деца, пешаци и безбедносни системи. Притоа е нагласено дека во обзир се земаат само резултатите на автомобилите со опрема од стандардниот пакет. Ваквото признание има посебна тежина ако се знае дека само минатата година EuroNCAP тестираше 70-тина различни модели на автомобили. Ова донекаде беше и очекувано бидејќи Швеѓаните си имаат поставено за цел после 2020 година никој да не го загуби животот или биде потешко повреден во нивните автомобили. Постигнатите резултати докажуваат дека се на добар пат да го реализираат тоа.

клучни зборови: занимливости, Volvo XC60

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии