Vespa Primavera

Vespa Primavera со слика и збор

Легендарната Vespa Primavera наполни 50 години
Објавено на 21 мај 2018 година

Гледано од денешен аспект тешко е да се замисли каков би бил светот на две тркала без Vespa Primavera. Настаната во бунтовните времиња на доцните шеесетти години, ја рашири радоста на животот низ целата планета и низ сите генерации. Претставуваше револуција во мото-светот каква никој не можеше да претпостави. Со својата практичност и уникатниот стил ја измени сликата на градските улици. Најпопуларниот скутер на сите времиња стана нераскинлив дел од италијанската култура, заради што во Piaggio грижливо го негуваат духот што го носи. И во своето најново издание таа и понатаму ја промовира елеганцијата на вечната силуета која традиционално го задржа истиот изглед. Измените на дизајнот со текот на децениите беа доста дискретни и секогаш во согласност со ретро модата. Затоа пак механиката напредуваше во чекор со времето и Vespa Primavera сега има модерни агрегати. На располагање се три - од 50, 125 и 150 кубни сантиметри, со максимални меѓу 4 и 13 коњски сили. Дека е современ производ ја оддаваат детали, како што е дигиталниот дисплеј вметнат во инструмент-таблата. Современа е и цената, која во Италија се движи меѓу 3.300 и 5.000 евра.

 

Видео

клучни зборови: занимливости, видео, Vespa Primavera

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 62,50
биодизел Б6 63,00
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии