Mercedes-AMG GT

Тркач во смокинг

Се прашувавме дали Mercedes ги изброи своите премиери во Женева, но не и која меѓу нив е најпривлечна
Објавено на 6 март 2018 година

Без дискусија, 4-вратната купе верзија на AMG GT е ѕвезда и на штандот на Mercedes и на салонот на автомобилите во Женева. Знаевме дека ќе се појави бидејќи Германците лани тука го претставија неговиот концепт, но не знаевме точно како ќе биде спакуван ниту пак именуван. Официјалното име AMG GT 4-Door Coupe му е неинвентивно но доволно описно за да го привлече вниманието. Во внатрешноста има пет седишта и луксуз што се очекува. За набројување на технологиите не треба да трошиме време, затоа ќе ги споменеме моторите. На врвот се 63 верзиите со 4,0 литарски V8 битурбо мотори со 639 и 585 коњи. Посилната забрзува до сто за 3,2 секунди и постигнува максимални 315 километри на час, а и двете имаат систем за деактивација на цилиндрите и управување и на задните тркала. Интересна е третата верзија со новиот mild-hybrid мотор од серијата 53, кој располага со 435 бензински и 22 електрични коњски сили. Сите изведби се опремени со 9-степена автоматика и погон на четирите тркала.

Продажбата ќе започне на лето, а за цените никој не ни праша.


Mercedes-AMG GT

клучни зборови: новитети, Mercedes-AMG GT

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии