Загревање на моторот во место - треба или не?

Објавено на 27 февруари 2018 година

Иако годинава немавме вистинска зима сепак се среќававме со дилемата дали моторот на автомобилот треба да го загреваме во место. Спротивно на врежаното мислење дека така е поисправно, таа пракса сепак е погрешна и го скратува неговиот животен век. Причината е што при работа во празен од маслото не го постигнува работниот притисок и делови од моторот може да останат без подмачкување. Денешните мотори имаат сензори кои ја мерат работната температура на повеќе места. Кога работи неоптоварен моторот ослободува помала количина топлотна енергија и затоа загревањето трае подолго. Ако веднаш се крене моторот порамномерно се загрева и работната температура се постигнува побрзо. Дел од горивото што нема да согори се исфрла во атмосферата, а дел завршува во картерот мешајќи се со маслото. Затоа и колку загревањето на моторот трае подолго, толку маслото побрзо ќе се деградира а деловите повеќе ќе се трошат. Плус на сé, работејќи во место моторот непотребно троши гориво и повеќекратно ја загадува околината.

клучни зборови: занимливости

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии