Toyota Yaris GRMN

Фактор Икс на Нирбургринг-Нордшлајфе со 210+ KS во рацете

Toyota го направи спортски Yaris за да ги поврзе своите автомобили со рели амбициите што ги има. Дали 210-коњскиот GRMN врел хечбек, кој го тестиравме како прототип, е на вистинскиот пат за тоа?
Објавено на 2 август 2017 година
автор: Жозе Каетано

Сите големи производители имаат свои тест-центри на Нирбургринг-Нордшлајфе и ниту Toyota не е исклучок - нејзината гаража е во селцето Бриктал на помалку од километар. Токму во неговата околина ги растрчавме 210-те и кусур коњи на Yaris GRMN. Враќањето во светскиот рели шампионат ја инспирираше европската филијала на Toyota да се впушти во развој и производство на оваа спортска верзија која треба да ја создаде врската со акцијата на WRC каде од почетокот на годината се забележаа доста позитивни резултати. Нé прими Стијн Петерс, лидерот на GRMN програмата, што е акроним од Gazzo Racing Meister of Nürburgring. Целта на проектот, како ни кажа инженерот, не беше само да само да се понуди секојдневен модел од Б-сегментот Одбележувајќи го враќањето на Toyota во WRC, Yaris GRMN е развиен во Европа и има производство ограничено на само 400 примероциинспириран од WRC возилата со 1,6 литарски турбо мотор со околу 380 KS. Во Toyota работеа и на тоа со голем број технички подобрувања - од моторот, до сопирачките, да ги спакуваат и спортските возбуди во возило за редовен сообраќај.

Toyota Yaris GRMN Со 212 (или 215) KS и 6,3 до 6,5 секунди од 0 до 100 km/h, овој автомобил е неверојатен за возење

Yaris GRMN е направен врз основа на тривратната варијанта на неодамна ажурираната трета генерација, од која се разликува и однадвор и одвнатре. Покрај специфичните елементи, црвените и црни налепници на белото тело, централната издувна цевка слична на онаа кај рели моделот, црниот дифузер, спојлерот, антената како грбка на ајкула, инструмент таблата, педалите и другото, тука се и управувачот кој е ист како и кај GT86 и Boshoku седиштата налик на оние од супермоделот на Lexus, LF-A. Меѓутоа, во спортскиот субкомпакт од брзинометарот гравиран до 260 km/h или покажувачот на бројот на вртежите чија црвена линија е кај 8.000 вртежи во минута поважни се и карактеристиките на шасијата и механиката. Стијн Петерс ни ги претстави најважните промени. На пример, класичното но секогаш ефективното решение со монтирање шипка на предното ослонување за поголема крутост и стабилизатор со поголем дијаметар. За подобра контрола во свиоците и поголема агилност, стабилност и прецизност, инженерите на Toyota ги избраа Sachs Performance амортизерите. Пакетот е комплетиран со Torsen самоблокирачкиот диференцијал со кој се оптимизира тракцијата, 17-инчните BBS тркала, пневматиците Bridgestone Potenza 205/45 и предимензионираните сопирачки со четириклипни клешти на вентилираните предни дискови. Плус на сé, возилото е спуштено за 24 mm во споредба со обичниот Yaris.

Toyota и порано имаше и спортски верзии на Yaris, но никогаш не ризикуваше толку многу - се сеќаваме на T-Sport од 2001 година со 106, или пак на оној од 2007-мата со 132 KS. GRMN, кој со забрзувањето до 100 km/h за 6,3 до 6,5 секунди се стреми да биде број 1 во категоријата, има 1,8 литарски компресорски мотор со 212-215 KS Toyota Yaris GRMN(дефинитивната бројка зависи од процесот на хомологација), направен во фабриката на јапонскиот производител во Велика Британија. Карактеристика му се механичкиот Magnussen Eaton компресор и термичкиот менаџмент на всисниот и издувниот систем.

Кај компресорските мотори моќта рапидно расте, а со тоа се зголемуваат и леснотијата и задоволството во возењето

Toyota Yaris GRMN

Развојот на Yaris GRMN започна во август 2016 година и беше многу брз - производствениот модел се очекува секој момент

Првиот динамичен контакт со Yaris GRMN го имавме на истите места каде Toyota ги тестира и верификува конечните спецификации на сите свои автомобили - планинскиот регион Ајфел и Нирбургринг-Нордшлајфе патеката, која во сегашната конфигурација е долга 20,8 километри и има 154 свиоци. И на двете места возењето нè развесели. Врелиот хечбек е еднаков на стандардниот Yaris во должината, ширината и меѓуоскиното растојание, што се влијателни елементи за однесувањето на секој било автомобил заедно со ослонувањето, пневматиците, тежиштето, распределбата на тежина, аеродинамиката… Затоа и не е изненадувачки што субкомпактот на Toyota многу повеќе нè импресионираше со агилноста во свиоците отколку со стабилноста при голема брзина. А таа пак е ограничена на 230 km/h… Прецизната управливост и моќните сопирачки го зголемуваат тркачкото чувство, посебно по деактивирањето на електронскиот систем за контрола на стабилноста и тракцијата, кои и онака не се наметливи, нагласувајќи го квалитетот на шасијата.

 Toyota Yaris GRMN

 Toyota Yaris GRMNBoshoku седиштата со добри странични потпирачи и управувачот прилагодлив по височина и длабочина гарантира исклучителна положба за седење

Употребата на волуметриски компресор го прави 1,8 литарскиот мотор поагресивен при мали брзини и со порамномерно и попрогресивно работење од оние со турбополнач, со резерва на моќност достапна со секој притисок на педалата за гас што во голема мера ја подобрува леснотијата на возење. Громкоста на механиката е опојна, охрабрувајќи нè да забрзуваме сé повеќе и повеќе, но Toyota ја признава потребата да се намалат децибелите за да се исполнат границите на бучноста во Европа. Производствената верзија се очекува да биде готова секој момент, а почетокот на испораките е предвиден за првите недели од 2018 година. Нарачките за Yaris GRMN започнаа да се примаат од крајот на минатата недела, што се совпадна со почетокот на финското рели. За неговото производство Toyota опреми посебен погон во фабриката во Франција, каде 20 до 25 луѓе ќе работат четири месеци само на тоа, правејќи по седум автомобили на ден. За тоа време ќе направат 400 примероци, од кои 350 ќе бидат пуштени во продажба. А тоа ќе се врши исклучиво преку интернет, без можност за избор на дополнителна опрема затоа што ја нема. Од Toyota велат дека испораките ќе бидат по редоследот како биле примени нарачките, кои се потврдуваат со 1.000 евра депозит.

 основни податоци Toyota Yaris GRMN
 мотор: 4 цилиндри, 4 вентили по цилиндар, Eaton механички компресор, 1.798 cm³, 212 KS при 6.800 min-1, 249 Nm при 5.000 min-1
 трансмисија: мануелен менувач со 6 степени, погон на предните тркала, пневматици со димензии 245/45 R17
 каросерија: хечбек со 3 врати, 3.945x1.695x1.510 mm, меѓуоскино растојание 2.510 mm, тежина 1.155 kg, багажник: 286 dm³, резервоар 42 литри
 перформанси: максимална брзина 230 km/h, забрзување 0-100 km/h за 6,3-6,5 секунди, просечна потрошувачка 7,5 l/100 km, емисија на CO₂ 170 g/km
 цена: 38.500 евра

 

клучни зборови: ексклузивно, возевме, Toyota, Yaris

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 35

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии