Toyota TRD

Rock me, Baby!

Со затскриено педигре, триото off-road владетели на Toyota ги провоцира американските безделничари
Објавено на 11 февруари 2018 година

Иако од салонот на автомобилите во Детроит помина едвај еден месец, Toyota во САД веќе настапи со нови премиери. Насловени како тројна енигма, се работи за специјални верзии на триото американски off-road владетели Tundra, 4Runner и Tacoma. Називот TRD кој е кратенка од Toyota Racing Development доволно кажува за нивниот карактер. Обединети под него сите три модели имаат нагласени теренски карактеристики. Добиени се главно со унапредување на системот за ослонување со специјално изработени амортизери со повеќекратни зони на пригушување. 
Toyota TRDКлиренсoт им е зголемен отприлика за пет сантиметри, што со големите 18-инчни тркала со груби пневматици го нагласува нивниот непокорлив карактер. Освен помасивниот изглед добиен со тоа, дизајнерски од нормалните верзии се разликуваат и со ЛЕД светлата, профилираната хауба, поробусните браници и поагресивната маска. Во внатрешноста не е многу чепкано, а погонската механика е иста бидејќи во Toyota се уверени дека таа е доволно робусна за сите предизвици.


Toyota TRD

клучни зборови: новитети, Toyota

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии