Lancia Ypsilon

Stratos ги разбранува, а Ypsilon ги смири страстите

Објавено на 12 февруари 2018 година

Веста дека во Женева ќе биде претставена модерна реинкарнација на Lancia Stratos ги разбранува страстите. Но во потрагата по веродостојни информации откривме дека новост од Lancia е нешто сосема друго. Имено, иако веќе неколку години оваа марка ја нема на европскиот пазар, таа сé уште живее во Италија. Во понуда е само еден модел - малиот Ypsilon, кој за годинава благо е освежен. Измените се скромни, но како велат од Fiat деталите ја прават разликата. А тие се состојат од новите материјали за внатрешноста и побогатата опрема. Додадени се и повеќе можности за 
Lancia Ypsilonперсонализација и тоа би било сé. Гамата мотори се состои од 1,2 литарски бензинец со 69 и 1,3 литарски дизел со 95 коњски сили. Постои и верзија со погон на природен гас. Овој модел е базиран на Fiat 500 и колку да изгледа застарен, сепак е интересен за Италијанците. Продажбата му е доста стабилна и се движи околу 60.000 примероци годишно. За тоа придонесуваат и цените, кои на оваа обновена верзија започнуваат од 9.500 евра.

За да ја заокружиме веста треба да кажеме уште и дека модерната верзија на Stratos е проект на една германска фирма која не е поврзана со италијанскиот производител. За неа во некоја друга прилика.


Lancia Stratos

клучни зборови: новитети, Lancia Ypsilon

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 35

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии