Со ново лого до нова иднина

Светската престолнина на дипломатијата и чоколадото се подготвува за најголемата пролетна смотра на автомобилите
Објавено на 15 декември 2014 година

Салонот во Женева идната 2015 година по 85-ти пат ќе ги пречека реките посетители желни за најновото од светот на автомобилите. Колку и да изгледа далеку 5 март, организаторите на салонот имаат полни раце работа. Пријавувањето на учесниците заврши многу одамна, на 15 јули, тие веќе си го знаат просторот каде ќе настапуваат, а деновите беше објавено и новото лого кое ќе ги обединува во нивниот став ориентиран кон иднината. Пораката што сите заедно ќе ја испратат до светот ќе биде моќна, брза и динамична, исто каков што ќе биде и прогресот што ќе го најават со своите нови модели и студии. Пораката ќе биде дополнителна со кристалната чистина на новото лого, креирано од агенцијата Wirz SA од Цирих, како прва фаза од развојот на новиот глобален имиџ на салонот.

Салонот во Женева лани го посетија 670.000 луѓе од 87 земји од целиот свет, како и 11.000 новинари. На него изложуваа 250 компании, а своја премиера имаа 150 нови автомобили. Влезницата за салонот на автомобилите во Женева чини 16 швајцарски франци.

клучни зборови: салони, Женева

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии