Со него нема шега

Ford патентираше умен полициски автомобил кој патролира без возач и сам пишува казни
Објавено на 27 јануари 2018 година

Полицискиот автомобил на Ford од иднината ќе биде вистинска ноќна мора за секој возач. Најновиот патент на американскиот производител докажува дека се развива умен полициски автомобил кој без човек зад управувачот ќе патролира чувајќи го редот и поредокот и попат надмудрувајќи ги возачите. Ќе функционира со помош на комуникацијата меѓу возилата и ќе може на автомобилот што вози побрзо од дозволеното да му испрати порака за сторениот прекршок. Во една ваква неидентификувана иднина каква ја замислува Ford автомобилот со кој е сторен прекршокот ќе одговори на пораката испраќајќи ги податоците за возачот кој управува со него, по што полицискиот Ford нему ќе му ја испрати казната. Но тоа не е сé - со помош на вештачката интелигенција тој ќе учи каде се најдобрите места за криење во лов на брзите возачи.

Замислата на Ford е ваквите автомобили сами да патролираат и да ги вршат „здодевните" полициски работи за да можат униформираните чувари на редот да се фокусираат на други поодговорни задачи. Тоа подразбира и дека овој автомобил сам би можел да тргне во потера во прекршителите на законот.

клучни зборови: занимливости, поглед во иднината, Ford

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии