AutoBest Gala 2018

Со Моцарт во улога на водител

Големото финале на AutoBest изборот - гала манифестацијата, годинава се одржа во родниот град на Моцарт
Објавено на 9 февруари 2018 година

Годинешново 17-то по ред издание на AutoBest беше крунисано со гала вечерта која се одржа во секогаш прекрасниот Салцбург. Жирито што ја доделува Best Buy Car of Europe титулата, односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена и овој пат на едно место ги собра водечките луѓе од конкурентските компании кои со задоволство седеа заедно на иста маса и се дружеа меѓусебе. Високо ценета меѓу сите, оваа најважна независна манифестација во автомобилската индустрија во Европа важи за настан со уметнички концепт од светска класа. Во тој дух беше и улогата на Моцарт како водител на гала церемонијата на доделувањето на наградите. 
AutoBest Gala 2018Исклучителната архитектура на славната Salzburger FestspielHaus која датира од 1668 година креираше пријатна и релаксирачка атмосферата во која уживаа сите, најмногу претставниците на Citroen чиј C3 Aircross е годинешен носител на ласкавата AutoBest титула. Задоволство на лицата се гледаше и кај освојувачите на останатите награди - Jaguar Land Rover (CompanyBest), Ли Шуфу - Geely (ManBest), Seat (SmartBest), Марек Рајхман - Aston Martin Lagonda (DesignBest), PSA групата (EcoBest), Toyota (SafetyBest) и Фриц Енцингер - Porsche (SportBest). Честа прв да зачекори во AutoBest алејата на славните ја имаше господин Волфганг Порше, претседателот на надзорниот одбор на автомобилскиот производител и холдингот кои го носат неговото семејно име.


AutoBest Gala 2018

AutoBest Gala манифестацијата е големо финале на изборот што од 2001 година се одржува со цел да ги истакне квалитетите на автомобилите на европскиот пазар кој нудат најмногу за својата цена. За еден автомобил да стане AutoBest победник мора да претставува најдобра понуда за повеќето европски купувачи. Цената, сервисната мрежа, снабденоста со резервни делови и разновидноста на понудата се најважните критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии исто така. При одлучувањето за победникот AutoBest жирито користи транспарентен систем на гласање, со сложена шема од 13 критериуми. Како неизоставен дел од изборот, ова најголемо независното автомобилско жири според бројот на застапени држави - вкупно 31, организира и тестирањата на AutoBest финалистите на тркачка патека и отворен пат кои важат за едни од најрелевантните и најкомплексни тестови спроведени од автомобилските медиуми.


AutoBest Gala 2018

клучни зборови: AutoBest

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии