Сива економија во боја

Бугарската влада избра уникатен начин за борба против сивата економија - ќе ги истражува сопствениците на луксузни возила
Објавено на 8 февруари 2018 година

Под притисок на ЕУ, Бугарија ја засилува борбата против сивата економија, корупцијата, даночната евазија и другите штетни за економијата дејствија кои безмалку се фолклор и нормални за тамошното и сличните на него општества. Оружјата за тоа не се бираат и арсеналот на властите се засили со една уникатна одлука - детално ќе се провери потеклото на парите на сопствениците на 435 луксузни автомобили. Веста ја потврди државниот обвинител кој изјави дека листата ќе биде дополнета и со сопствениците на скапи недвижнини. Како критериум кој сé ќе се „чешла“ се одредени цената и марката на возилата - Maybach, Bentley, Lamborghini, Rolls-Royce, Ferrari… Се разбира, акцијата на властите со цел детектирање на луѓето поврзани со некои од методите за нелегално стекнување богатство наиде на големо одобрување на јавноста.

клучни зборови: занимливости

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 35

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии