Porsche 911 Turbo S

Синоним за совршенство

Новиот Porsche 911 Turbo S ќе развива 630 KS
Објавено на 25 ноември 2017 година

Porsche 911 од идната генерација ќе ја има премиерата во 2019 година. Веќе се најавени нова шасија и подобрено ослонување, а за прв пат ќе се вградува и хибриден plug-in погонски склоп. Но она што ќе привлече најголемо внимание е Turbo S изведбата. Со делови од 911 GT2 RS ќе биде доработена до совршенство и нејзиниот 3,8 литарски твин-турбо ќе има 630 KS, за 50 повеќе отколку сегашната генерација. Со него перформансите ќе бидат доведени на едно ново ниво, без оглед на тоа што 911 Turbo S ќе има помалку коњи во однос на силната конкуренција. Покрај механичките, меѓу главните измени во дизајнот ќе бидат и задните светла инспирирани од концептот Mission E.

клучни зборови: занимливости, поглед во иднината, Porsche 911

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии