Син „Blаck Friday“ во Ми-Да Гранд Моторс

И тоа два петока по ред!
Објавено на 22 ноември 2018 година

Подароци и попусти во петок и уште еднаш наредниот петок - во следните два петока до крајот на месецов, односно на 23-ти и 30-ти, Ми-Да Гранд Моторс организира Blue Friday денови. Синото во Ми-Да Гранд Моторс значи големи попусти и подароци на новите и половните возила, сé со цел возилата да бидат подостапни до купувачите кои ќе можат да добијат и подароци, но и да направат хумано дело. Ова е втора година по ред како автомобилскиот дистрибутер се вклучува во глобалната акција со големи попусти, но наместо познатиот Black Friday, ја одбира симболиката на сината боја. А Blue Friday подразбира огромни попусти на сите возила на залиха, нови и половни, подароци за секое возило купено во тој петок, и подароци за секое тест возење.

„Во текот на Blue Friday деновите Ми-Да Гранд Моторс овозможува огромни попусти за сите нови и користени возила кои се на залиха и од секое продадено возило тој петок фирмата донира средства во домот за деца без родители. Вратите на нашиот салон ќе бидат отворени до 20 часот во петок и ќе зрачиме со сината боја која ја симболизира довербата и лојалноста на нашите потрошувачи“, вели Дритон Заири генерален директор на Ми-Да Гранд Моторс. Сината е една од поатрактивните бои кои се применуваат во автомобилизмот, а воедно и симбол на брендот Ford. Сите заинтересирани ќе имаат можност да испробаат нов автомобил и да добијат ексклузивна понуда.

клучни зборови: Македонија, Ford

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • McLaren 720S Spider

    Може и без покрив

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе