Се забранува возењето камиони низ Скопје

Како мерка за намалување на загаденоста на главниот град движењето на товарните возила ќе биде ограничено сé до пролетта
Објавено на 17 декември 2014 година

Градските власти донесоа привремена забрана за движење на товарните моторни возила на подрачјето на Скопје. Со неа е предвидено овие возила да не смеат да се движат по улиците на главниот град од 8 часот наутро до 20 часот навечер. Од оваа забрана се исклучени возилата кои превезуваат добиток, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, потоа комуналните возила, возилата на јавниот превоз, тие што транспортираат експлозивни, запаливи и отровни материи, но и градежни материјали (сиров бетон) и градежната оператива ангажирана на градилиштата за градот, општините во Скопје и владата на Република Македонија.

Оваа мерка која стапува на сила во петок, 19.12.2014 година и ќе трае сé до 31.03.2015-та, би требало да придонесе за намалување на прекумерното загадувањето на воздухот на подрачјето на градот. Според податоците измерени од министерство за животна средина и просторно планирање, во текот на изминатиов месец практично немаше ден во кој концентрациите на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀) не беше над дозволените 50, и тоа на сите мерни места. Рекордот е постигнат во неделата во Лисиче, со измерена 14 пати поголема концентрација од дозволената. Останатите параметри кои го дефинираат квалитетот на воздухот (сулфур диоксид, азотни оксиди, јагленород моноксид, озон и други) главно беа под максимално пропишаните.

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии