Меѓу соништата и реалноста

Тукушто завршениот салон на автомобилите во Сао Паоло на светот му покажа дека бил во право кога Бразил го смести во земјите со брзорастечки пазар на автомобили
Објавено на 10 ноември 2014 година

Тоа време бразилската економија опаѓаше, а продажбата на возила пропаѓаше и немаше многу место за оптимизам. Но, како што обично бива во Латинска Америка, работите се сменија преку ноќ и минатава деценија бразилскиот пазар бележеше здрави проценти на пораст, што во голема мерка ги поттикна производителите на возила да создаваат нови модели специјално за него. Причина повеќе да го прават тоа се и специфичните вкусови на купувачите, кои од мака натерани (читај лошите патишта) просто ги обожаваат автомобилите кои изгледаат како теренски.

Токму тие и беа акцентирани на годинешниот 28-от по ред салон во Сао Паоло, кој има биенален термин за одржување. Таков беше и  слоганот на салонот „Меѓу соништата и реалноста, уживајте и во двете“, под кој настапија 84 изложувачи од 11 земји, од кои 41 автомобилски производители. Меѓу нивните вкупно 547 возила организаторите избројаа дури 150 премиери, што најдобро покажува со каков залет бразилскиот пазар може да оди напред. Ако кон ова се додадат и 750-те илјади посетители, тогаш е јасно зошто на оваа земја се гледа со оптимизам иако во моментов продажбата од ланските 3,6 милиони возила опаѓа со темпо кое се доближува до двоцифрена бројка.  Надежта дека тоа многу бргу може да се смени ја подгреваат најистакнатите премиери, оние со предзнак светски: Nissan Kicks, Renault Duster Oroch, Citroen AirCross Lunar, Fiat FCC4, Hyundai HB20 R-spec, Volkswagen Fox Pepper, Saveiro Surf и SpaceFox, по два концепта на основа на Ford EcoSport и Chevrolet Onix, еден на Chevrolet S10 и, секако, визиите на домашниот Troller. Ќе се сложите дека колку и да се наменети за додворување на локалните купувачи, добар дел од нив имаат потенцијал за глобален настап, посебно во ова време кога малите SUV модели се во тренд.

Тоа е сликата што ја покажа годинешното издание на овој најголем автомобилски салон во Латинска Америка. Дали од неа нешто ќе се отслика и на остатокот од светот останува да дознаеме на некој од големите меѓународни салони, меѓу кои, и покрај традицијата и бројките кои се на негова страна, Сао Паоло (сé уште) не е.

 Sao Paolo

клучни зборови: салони

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии