Релаксирајте се - горивата поскапеа!

Објавено на 18 септември 2017 година

Септември и онака не е некој месец за патување - исцедени сме од одморите, зимницата, учениците… Тоа го знаат и во регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, која донесе неотповиклива одлука горивата да поскапат. Како образложение за тоа ги наведуваат поголемите берзански цени на параметрите кои со свое влијание учествуваат во креирањето на цените на дериватите кај нас според формулата опишана во фантомската Методологија чија содржина само ним им е позната и не ни ја кажуваат. Она што ни го кажаа е дека заради зголемувањето на просечната цена на суровата нафта во изминатиот 14-то дневен период за 5,14% и на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар - бензинот за 3,51% и дизелот за 7,11%, во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување така што малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 0,50, а на дизелот за 1,50 денари. Но да не беше доларот поевтинил за 0,759% поскапувањето ќе беше поголемо и од утре ќе плаќавме повеќе од 63,50 денари за литар еуросупер БС-95, 65 денари за БС-98 и 49,50 денари за еуродизел (Д-Е V).

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 30

    повеќе

Видео на денот

  • Блиндиран Mercedes

    Директорот зад воланот, а...

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 68,00
еуросупер 98 69,50
еуродизел Д5 60,00
биодизел Б6 60,50
течен нафтен гас 30,00
метан 32,00

Фото галерии