Првиот теренски краш тест на Volvo XC90

На покана на Volvo Cars, отпатувавме во Шведска каде присуствувавме на првиот теренски краш тест на новиот XC90
Објавено на 3 декември 2014 година

 Volvo Vision 2020 In Sight

За зголемување на нивото на безбедноста на своите нови модели, Volvo разви теренски краш тест базиран на податоци од реални сценарија и настани што веќе се имаат случено во сообраќајот. Прв од ваков вид, тој има има за цел проценување на последиците од ситуација во која возилото излетува од патот со брзина од 80 km/h во ендек длабок 80 сантиметри и налетува на земјен насип, што е проследено со силно отскокнување и големи вертикални сили. Глетката беше импресивна, а како што може да видете на фотографиите и видеото, оштетувањата на возилото минимални.

 Volvo Vision 2020 In Sight

Volvo Vision 2020 In Sight

Сето ова е во согласност со филозофијата Vision 2020 In Sight, една од најсмелите програми за зголемување на безбедноста во автомобилската историја. Таа има за цел до 2020 година да се постигне ниво на безбедност кое ќе овозможи ниту едно лице да не загине или да се здобие со тешки повреди кај новите модели на марката. Долгорочната визија е да се спречи автомобилите на Volvo воопшто да учествуваат во сообраќајна несреќа.

Новиот XC90 ќе го донесе Volvo поблиску до остварувањето на визијата. Настанот на кој присуствувавме беше фокусиран на луѓето и технологиите кои потврдуваат дека Volvo бил, е и ќе биде лидер на полето на безбедноста во автомобилската индустрија. Исто така ни овозможи и да ги увидиме сите аспекти на новиот SUV, кој без компромиси нуди ултимативни возачки искуства, има перформанси на луксузен теренец и ниво на емисии на штетни гасови кои дури и помалите хибридни автомобили се стремат да го достигнат.

 Volvo Vision 2020 In Sight

клучни зборови: ексклузивно, Volvo

Првиот теренски краш тест на Volvo XC90

На покана на Volvo Cars, отпатувавме во Шведска каде присуствувавме на првиот теренски краш тест на новиот XC90



повеќе

Шведски вредности, кинеска мудрост

Ги мислеа дека заглавиле во чекалницата за иднината, но Швеѓаните тргнаа по патот на своето откровение



повеќе

Volvo XC90

(фото галерија)




повеќе

Ништо повеќе нема да биде исто

Настрана желбата за ново самодокажување, настрана потребата за враќање на имиџот, а со тоа и пазарот, настрана сé - Volvo направи навистина добра работа со новиот XC90


повеќе

За разлика од Saab, на Volvo добро му оди

Неговите Кинези се покажаа посериозни и дебело инвестираат во него веќе четири години



повеќе

Volvo XC Coupe

(фото галерија)




повеќе

Широк е патот кон иднината, но портата тесна

Големите пости за Volvo привршуваат - по повеќе години колебање, шведскиот производител конечно се реши по кој пат ќе тргне во дефинирање на својата иднина


повеќе

Volvo се враќа на стариот колосек

Откако и другите, посебно германските премиум производители, значително го зголемија нивото на безбедност на своите возила, Volvo повторно се сврте кон исконскиот имиџ на својата марка


повеќе

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 39

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 63,50
биодизел Б6 64,00
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии