Porsche 911 GT2 RS

Кралот!

Нема ништо над GT2 RS кога станува збор за перформансите и извонредното лежење на патот
Објавено на 11 декември 2017 година
автор: Жозе Каетано

Porsche го замислува GT2 RS како демонстрација на најдоброто што компанијата може да го направи, како нешто на половина пат меѓу спортските и нормалните автомобили - ако малку замижеме пред фактот дека нема да биде лесно да се вози со законска брзина. Претходната генерација од 2010 година имаше производство ограничено на 600 единици, повеќето извезени во САД, а и Велика Британија и Германија беа силни клиенти. Но примерок од оваа нова генерација ќе биде загарантиран за секој со доволно голема банкарска сметка и извонреден вкус, за секој што го смета за силен кандидат за најдобар спортски автомобил на светот.

 Porsche 911 GT2 RS

„Вие седите во најекстремниот 911 што Porsche некогаш го направил, автомобил кој покажува колку далеку можеме да одиме“, со насмев нé уверуваше Андреас Појнингер, шефот на GT моделската линија во Porsche. И јас цврсто верувам во неговите зборови, возбуден од самата помисла на впечатоците што сметам дека ќе останат по осумте брзи круга на патеката поминати како на тобоган од 4,2 km. Злите намери на овој тркачки ѕвер се прилично очигледни уште од моментот кога ќе ги насочите очите кон неговото грешно тело: огромните доводи за воздух пред и зад вратата, импозантното фиксирано но прилагодливо задно крило, широкиот преден спојлер кој ја осигурува потребната сила за да GT2 RS се задржи на патот… Сеопфатните аеродинамички зафати произведуваат сензационална сила на прилепување која е клучна за целокупната импресивност: вкупно 312 килограми (105 напред и 207 на задниот дел) со поставки за отворен пат и не помалку од 416 килограми (145+271) во конфигурација за тркачка патека осигуруваат дека 2,8-те секунди за спринт до 100 km/h и максималната брзина од 340 km/h се постигнуваат во безбедни услови. Вкупната тежина на автомобилот од 1.470 kg може дополнително да се намали за 30 kg благодарение на Weissach пакетот, кој се состои компоненти на каросеријата и шасијата од пластика, магнезиум и титаниум и ги исклучува излишните работи како што се аудио системот, климатизацијата, задните седишта и друго.

 Porsche 911 GT2 RS

 Porsche 911 GT2 RS Porsche 911 GT2 RS е ремек-дело на инженерингот



„Една од работите што ме импресионираа кога прв пат го возев е колку е прецизен предниот дел, што прави многу лесно и ефикасно да се ловат аглите на свиоците“, ми кажа Валтер Рерл кога го прашав што е највпечатливо на новиот крал на кланот 911. И навистина, за прв пат на нетркачко возило на Porsche сите споеви на шасијата се заменети со челични топчести кои создаваат цврста врска со телото. Моторот е монтиран на динамични носачи за да се добиете порамномерна и поголемена погонска сила на задната оска (да, GT2 RS има погон на задните тркала), пружините се многу поцврсти, растојанието од подлогата се подесува, поставени се стабилизатори и многу други додатоци од арсеналот на Porsche за да се подобрат лежењето на патот и комфорот како што се адаптибилниот систем за амортизација кој делуваат на секое тркало поединечно, системот за управување на задната оска, Porsche Stability Management системот, диференцијалот со варијабилно заклучување, векторирањето на вртежниот момент … Можеме вака на век да продолжиме со набројувањето на сé што има овој богат технолошки компендиум на четири тркала. А тие пак се магнезиумски со високоперформанси 265/35 ZR20 пневматици напред и 325/30 ZR21 назад кои му ја даваат потребната странична поддршка за да GT2 RS ги голта свиоците.

 Porsche 911 GT2 RS 2,8-те секунди за спринт до 100 km/h и максималната брзина од 340 km/h кажуваат доста, но не сé

Срцето на GT2 RS се разбира е 6-цилиндерски мотор кој го имаше своето деби во 2009 година и се користи кај 911 Turbo S каде генерира 580 енергични коњски сили, тука зголемени на 700. Сè уште има два турбополначи со варијабилна геометрија (но поголеми и со максимален притисок од по 1,5 бари), спортски клипови (кои овозможуваат коленестото вратило да се сврти до невообичаено високи за турбо мотор 7.200 пати во минута), проширен систем за всисување со помали всисни цевки, интеркулери зголемени за 15% и титаниумски издувен систем. Споредено со својот претходник, новиот GT2 RS има поголем мотор (3,8 место 3,6 литри) и за 80 KS и 50 Nm повеќе. Важно за извонредните перформанси исто така е и првото кај GT2 модел појавување на PDK трансмисијата, која овозможува помеко и побрзо менување на степените на пренос, што станува неверојатно брзо кога ќе се изберете PDK Sport програмата како што јас направив по првите неколку круга на патеката во Портимао. Овој менувач, исто така, ја има Paddle Neutral функцијата која ги ослободува спојките и го прекинува протокот на сила од моторот кога возачот истовремено ќе ги повлече и двете полуги наназад. Идејата е да се врати подуправуваното возило под контрола или пак намерно да се дестабилизира задниот дел од автомобилот.

 Porsche 911 GT2 RS

 Porsche 911 GT2 RS Моторот од 700 KS и спортската шасија со додатоци од титаниум и јаглеродни влакна го претворат овој автомобил во најдобрата и најбрзата 911-ка која некогаш била направена

Но и без тоа она што можев да го доживеам зад управувачот на GT2 RS е доволно импресивно. На миксот од автопат и локални патишта кон тркачката патека беше сосема очигледно дека автомобилот не ги цени нерамнините на патот (дупките уште помалку, но можете да го активирате лифтот на предниот дел од 3 cm за да избегнете скапа поправка) и дека е најдобро е да се вози со нормални поставки на ослонувањето. Следствените свиоци покажуваат дека способноста за нивно совладување е толку неверојатна колку што се очекува од еден ваков бескраен склоп на спортски хардвер и софтвер. Во техничките податоци пишува дека RS може да експлодира до 200 km/h за само 8,3 секунди. Нема да биде изненадување ако кажам дека ваквото забрзување може да го заглави вашиот мозок во процес на сфаќање што се случува со вашето тело, главата и видот. И ушите, се разбира, кога засилувачот на издувниот звук ги наполни со мешавина на радост и збунетост. Но ништо не треба да плаши како неверојатното прецизниот и брз (електричен) систем за управување, немилосрдните керамички сопирачки и неверојатното целокупно лежење на патот кои помагаат да се задржи прилично жестоко темпо додека се голтаат километрите на тркачката патека.

 Porsche 911 GT2 RS

Не е лесно да се биде блиску до совршенството кога се зборува за автомобил, но GT2 RS навистина e блиску до тоа. Добро, инфозабавниот систем е надживеан и има некои свои каприци посебно кога се вози по лош асфалт или остро низ свиоци, што често се прави. Се чини дека е наследен од дедото на GT2 RS и му треба итно ажурирање. Посебно што кога ќе се погледне цената едно икање нема да биде доволно. Со парите што ќе ви бидат побарани за GT2 RS можеби ќе можете да си отидете дома со 911 Turbo и Panamera 4 E-Hybrid, но со нив не би можеле да обидете да го потврдите рекордот постигнат на зелениот пекол во Нирбургринг.

клучни зборови: возевме, Porsche 911

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе