Ford Capri

Полн погодок уште од првиот ден

Ford Capri беше полн погодок и стана хит уште од првиот ден
Објавено на 14 февруари 2018 година

Ford Capri престана да се произведува пред три децении, но и денес е добро познат како модел кој го промени текот на историјата на спортските автомобили. Пред него тие беа темпераментни и непрактични, скапи и ретки. Охрабрени од успехот на Mustang во Америка, во Ford одлучија да создадат модел кој би бил негов европски еквивалент. Со буџет од само 20 милиони фунти, тимот стручњаци започна да работи на почетокот од 1965 година. Комбинацијата на одличен дизајн, докажана механика и ниска цена со богат избор на опции требаше да привлече широк круг купувачи. Беше земена платформата на англиската Cortina и на неа поставена купе каросерија со магнетно привлечен дизајн. Претставувањето на салонот во Брисел во 1969 година беше голема сензација на тогашната европска автомобилска сцена. Пред изненадената публика се најде убаво и модерно купе со складни линии и ниска силуета. Долгиот нос и краткиот заден дел му даваа брз, но елегантен изглед. Едноставно, Capri беше полн погодок и стана хит уште од првиот ден.


Ford Capri Добар дел од привлечноста му донесе разновидноста на понудата. Се произведуваше во четири фабрики во Велика Британија, Белгија и Германија, со различни мотори. За англискиот пазар тие беа преземени од Cortina, со зафатнина меѓу 1,3 и 2,0 литри. Европските модели ги имаа тогаш познатите V4 агрегати од Taunus. На врвот на понудата беа V6 машини, најсилната од три литри со 138 коњски сили. Погонот беше на задните тркала, преку 4-степен мануелен или 3-степен автоматски менувач. Ослонувањето не беше најсовремено, но усогласено со погонската механика обезбедуваше добар комфор во возењето. Вака позициониран, Capri привлече огромен број купувачи. Тие беа доста задоволни со изгледот, квалитетот и впечатокот што им го оставаше. Им се допаѓаше и на ергените и на семејните луѓе, па неговата продажба лесно надминуваше двесте илјади примероци годишно. Се закити со глобален имиџ кој на Ford му донесе добар профит, но и влијание на пазарот. Ги освои и Јапонија и Северна Америка, каде го продаваа дилерите на Mercury но без амблемот на Ford на него. Се монтираше и во Австралија и Јужна Африка, каде му вградуваа дури и петлитарски V8 мотор.

Стремејќи се да го повтори успехот на Mustang во САД, Ford константно го одржуваше овој модел интересен. Преживеа три генерации и за 18 години колку што се произведуваше, стигна до бројката од скоро 1,9 милиони примероци. Остана омилен дури и откако го засенија високоуспешните спортски верзии на Escort бидејќи купувачите на него гледаат од поинаков агол. Продажбата сепак паѓаше и последните две години се нудеше само во Велика Британија, така што отиде во пензија без наследник.


Ford Capri

клучни зборови: занимливости, Ford Capri

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 35

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии