Патарините (конечно) ќе бидат модернизирани

Објавено на 12 јануари 2018 година

Три години по започнувањето, проектот за модернизација на патарините во Република Македонија продолжува. Со него се опфатени 5 постоечки и 2 нови наплатни станици од коридорот 10, на кои ќе виде воведен електронски начин на наплата на патарината. Патарината Романовце кај Куманово е веќе во завршна фаза и за два месеца ќе биде пуштена во употреба. Во фаза на реконструкција се двете патарини кај Велес, набрзо ќе започне и реконструкција на патарините Градско и Петровец, а сите патарини ќе бидат проширени со по неколку ленти. За новите патарини Демир Капија и Гевгелија во тек е издавањето на одобренијата за градење. Новиот систем за наплата кој постепено ќе се воведува предвидува плаќање со електронска припејд картичка, со далечинско отчитување.

Според првичните планови, патарините долж коридорот 10 требаа да бидат модернизирани до јуни 2016 година. Идната година треба да започне имплементацијата на новиот систем и на автопатот од коридорот 8.

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 35

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии