Toyota Prius

Освежениот Prius има и 4x4 погон

Toyota на рестилизираната верзија на Prius за американскиот пазар ѝ додаде 4x4 способности
Објавено на 28 ноември 2018 година

Верзијата за 2019 година на хибридниот Prius која дебитираше на актуелниот авто-салон во Лос Анџелес има и електричен погон на сите тркала. Оваа опција што Toyota досега ја нудеше само во Јапонија значи дека Prius има уште еден електромотор кој испраќа сила на задните тркала при брзини до 70 km/h. 
Toyota PriusСтрујата ја добива од нови никел-метал-хидрид батерија проектиранa да обезбеди добри перформанси посебно во студените денови. Оваа батерија е сместена под задните седишта и не влијае на корисниот багажен простор. Што се однесува до стилските промени, тие вклучуваат нов преден браник и рестилизирани светла. Назад исто така е променет браникот, како и стоп светлата кои сега се со поконвенционален изглед отколку пред редизајнот.

Toyota предвидува 25% од продажбата на Prius во САД да бидат со новиот погон на сите 4 тркала.


Toyota Prius

клучни зборови: новитети, Toyota Prius

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • McLaren 720S Spider

    Може и без покрив

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе