Audi e-tron GT

Огнена лимузина

Audi го претстави предизвикувачот на Tesla Model S
Објавено на 29 ноември 2018 година

На салонот во Лос Анџелес Audi имаше огнена премиера - ја претстави електричната лимузина e-tron GT, која по сé изгледа е предизвикувач на Tesla Model S. Концепциски и според габаритите доста сличен на А7, овој луксузен модел е развиен во соработка со Porsche и ја користи истата платформа и погонскиот склоп како и идниот Taycan. Неговите два електромотора развиваат 590 KS, што е доволно за спринт до стотка за околу 3,5 а до 200 за 12 секунди. Најголемата брзина ќе биде ограничена на 240 km/h, а му се предвидува автономија поголема од 400 km. Видливо спортски настроен, концептот беше украсен со бројни провокативни детали, како на пример 22-инчните тркала со пневматици со димензии 285/30. Внатрешноста е со hi-tech изглед, а меѓуоскиното растојание од 2,9 метри на Audi e-tron GT му нуди комфор на ниво на А6.

Оно што е најинтересно е дека премиерата на серискиот модел ќе биде 2020-тата година во Женева.


Audi e-tron GT

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, Audi e-tron GT

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • McLaren 720S Spider

    Може и без покрив

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе