Ford Mustang Bullitt

Одбележани 50 години од легендата

За најзначајниот европски салон на автомобилите Ford одбра американска икона
Објавено на 6 март 2018 година

Како централен акцент на својот настап на салонот на автомобилите во Женева Ford го избра специјалното издание на Mustang креирано за одбележување на 50-годишнината од филмот Bullitt. Публиката тука генерално не е толку стара но без разлика на тоа ја почитуваат легендата што зелениот Mustang ја претставува. Тој своето реноме го стекна со помош на Стив МекКвин во скоро 10-минутната бркотница низ Сан Франциско овозможена од моќната механика на Mustang. И неговата модерна реинкарнација се гордее со тоа - во својата европска верзија петлитарскиот V8 мотор испорачува 464 коњски сили. Неговите перформанси Ford засега ги задржа во тајност, објавувајќи дека тие ќе се кротат со полуактивното ослонување и Brembo сопирачки. Од стандардната изведба овој Mustang се разликува по бројни суптилни детали меѓу кои 19-инчните тркала, црниот кожен амбиент со зелени инсерти и Recaro спортските седишта. Производството за европскиот пазар ќе започне во јуни, а секој Mustang Bullitt ќе има индивидуално означена плочка на совозачката страна.


Ford Mustang Bullitt

клучни зборови: новитети, Ford Mustang

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 39

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 63,50
биодизел Б6 64,00
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии