Од утре градскиот превоз е бесплатен

За да се победи во војната против загадувањето потребно е да се војува на сите фронтови
Објавено на 27 декември 2017 година

Војната против загадувањето започна - од утре јавниот градски превоз во Скопје е бесплатен, што е една од интервентните мерки што ги донесе градот. Иако мала, таа е од големо значење затоа што како и што најдолгиот пат започнува со еден чекор, така и со една битка започнува и најдолгата војна. А за да се победи во неа, мора да се војува на сите фронтови, вклучувајќи и оние во кои војуваме самите против себе. Другите донесени мерки се однесуваат на градежните активности, чистењето и миењето на градските улици и булевари, користењето на службените возила, контрола на фирмите кои работат со отпадни материи, ограничување на обуките на автошколите од 9:30 до 14:30 и по 18 часот, движењето на тешките товарни возила чијашто крајна дестинација не е градот и друго. Од порано веќе е донесена одлука за забрана на достава на стока во поширокото централно градско подрачје преку ден. Исто така се апелира и до граѓаните да се вклучат во оваа војна, секој на својот фронт и со своето оружје - да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, печките да се користат и одржуваат според упатствата на производителот…

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 35

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии