Една добра, една лоша вест

Горивата поевтинуваат - и тоа значајно. Тоа е добрата вест
Објавено на 26 ноември 2018 година

Горивата поевтинуваат - и тоа значајно. Тоа е добрата вест. Лошата е што во најновата пресметка што Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија ни ја испорача дизелот и бензинот скоро се изедначија - разликата сега е едвај 2 денари. Со други бројки кажано, од утре малопродажните цени на бензините се намалуваат за 4, а на дизелот за 3,50 денари за литар во однос на досегашните и се поставуваат на 63 денари за еуросупер БС-95, 65 денари за еуросупер БС-98 и 61 денар за литар еуродизел Д-Е V. Во своето образложение нашиот енергетски анти-монополски чувар кој сега има ново име - Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, вели дека до ова намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 9,38%, односно за 6,53% е дојдено заради намалувањето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период за 11,76% и референтните цени на нафтените деривати - на бензинот за 10,57% и на дизелот за 8,55%, како и заради поскапувањето на доларот за 0,98%. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според сé уште тајната Методологија, извршено е нивно соодветно корегирање.

Е па нека ни е наздравје новата цена на дизелот! За бензинот нема да наздравуваме, да не го урочиме и него.

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • McLaren 720S Spider

    Може и без покрив

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе