Opel Grandland X

Нов дизел мотор за Opel Grandland X

Новиот 1,5 литарски дизел мотор за Grandland X е посилен, поекономичен и почист од агрегатот што го заменува
Објавено на 7 мај 2018 година

И после успешното лансирање, Opel продолжува да го усовршува Grandland X - перспективниот SUV доби нов посилен, поекономичен и почист дизел мотор. Располага со 1,5 литри работна зафатнина и максимални 130 KS и веќе ги исполнува идните Еуро 6d стандарди кои ќе станат задолжителни во септември 2019 година. Максималниот вртежен момент му изнесува 300 Nm, а опремен е со старт-стоп систем. Осумстепениот автоматски менувач му е оптимален партнер, а потрошувачката на гориво му е помала за четири проценти. Ова е постигнато со намалување на триењето, 
Opel Grandland Xоптимизираниот систем за согорување со патентирана геометрија на клипот и зголемената рециркулација на издувните гасови овозможена од високоефикасен разменувач на топлина. Кристијан Милер, директор за инженеринг во Opel Automobile GmbH, за него кажа: „Високотехнолошкиот дизајн на новиот 1,5 литарски дизел во Opel Grandland X им овозможува на корисниците да ја комбинираат забавата на компактното спортско возило со моќни перформанси, силна клима и висока еколошка компатибилност на напреден дизелски мотор“.

Со новиот 1,5 литарски мотор со 130 KS и веќе воведениот 2,0 литарски дизел мотор со 177 KS, купувачите на Grandland X можат да бираат меѓу два моќни, но енергетски ефикасни и еколошки дизели. До 2020 година, Opel ќе го понуди Grandland X и со plug-in хибридна погонска група, со што ќе стане прво вакво возило во гамата.

клучни зборови: новитети, Opel Grandland X

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 62,50
биодизел Б6 63,00
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии