Audi Е-Тron

Неконвенционалното секогаш е попривлечно

Објавено на 13 март 2018 година

Својот нов SUV Audi го промовираше на неконвенционален начин - место под куполите на Palexpo тој прво го покажа на улиците на Женева. И самиот модел е неконвенционален - тој е првиот електричен кросовер на марката. Во оваа концептна фаза ја има ознаката E-Tron, која ја оправдува со три електромотори. Еден е сместен на предната а два на задната оска и вкупно располагаат со 430 коњски сили, кои краткотрајно се зголемуваат на 500. Сите тие му овозможуваат да забрзува до 100 километри на час за 4,6 секунди, додека батериите од 95 киловат-часа се доволни за 500 километри пат. Значајно е и тоа што на специјален полнач својот капацитет го достигнуваат за само 50 минути. Audi Е-Тron чиј дизајн нема да претрпи големи промени има четири седишта и багажник од цели 615 литри. Почетокот на производството му е закажан за 30 август годинава во фабриката во Брисел.


Audi Е-Тron

 

Видео

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, видео, Audi Е-Тron

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 39

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 63,50
биодизел Б6 64,00
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии