Peugeot 508

Навистина изгледа феноменално!

Кој што сака нека каже, но Peugeot 508 во живо навистина изгледа феноменално
Објавено на 8 март 2018 година

Појавувањето на новиот Peugeot 508 во Женева предизвика очекувани реакции. Оние што го гледаа во живо не можеа да се воздржат од коментарите во кои често се споменуваше зборот „германски“. Но призвукот во кој се кажуваше тоа беше позитивен - со намера да се истакне дека сега полесно ќе се бори со конкуренцијата која владее во оваа класа. Можеби во Peugeot беа малку разочарани што поретко се слушаше дека има премиум карактеристики. Сатисфакција сепак добија со комплементите за динамичноста на изгледот. Линиите кои кокетираат со купеовски дизајн стилски се дополнети со остри рабови и странични стакла без рамки. Импресивноста доаѓа и од внатрешноста која уверливо е пополнета со некои видени, а некои нови технологии. Помалите надворешни габарити не се одразија на просторноста, но ја трансформираа питомата семејна лимузина во автомобил кој мами воздишки. Посебно ако во него се наоѓа за подоцна најавениот хибриден склоп со 300 коњски сили. Додека се чека на него 508 ќе се испорачува со бензински мотори со 180 и 225 коњи и дизели со 130, 160 и 180 коњски сили. Новиот автоматски менувач со осум степени може да се добие со сите мотори освен најслабиот. Затоа пак тој може да се пофали со просечна потрошувачка од само 3,8 литри на сто километри.


Peugeot 508

 

Видео

клучни зборови: новитети, видео, Peugeot 508

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии