Најмоќниот сериски BMW било кога

Со пакетот стероиди, новата генерација на М6 го понесе епитетот најмоќен сериски BMW било кога
Објавено на 20 мај 2015 година

 BMW M6 Competition Package

Добивајќи ја Competition Package надградбата, зимава обновениот M6 стана најмоќниот сериски BMW направен било кога. Пакетот стероиди го напумпа на неговиот 4,4 литарски битурбо V8 мотор на 600 коњски сили, за добри 40 повеќе од серискиот М6 и за 25 од досегашниот пакет. Исто толку коњски сили имаше и лимитираната M5 30 Jahre едиција, која се појави по повод јубилејот на перформансното одделение на BMW, но каросеријата на М6 се чини попригодна за нив. Тие во содејство со доработеното ослонување го лансираат купето до 100 km/h за 3,9 секунди, а кабриолетот и Gran Coupe изведбата на M6 за една десеттинка повеќе. Иако  BMW M6 Competition Packageизгледа дека екстра 40-те коњски сили кои се добиваат со пакетот се малку во споредба со сериските 560, нивниот квалитет прави разликите во забрзувањето до 100 km/h меѓу двата модела да изнесуваат 0,3 секунди. Кога сме веќе кај секундите да кажеме и дека на M6 Competition Package до 200 km/h му требаат 11,8 секунди, а по желба на купувачот може да биде отстрането и електронското лимитирање на брзината и да се овозможи тој да достигне цели 305 km/h.

Не е непознаница ниту колку BMW ќе наплаќа за надградениот M6 Competition Package - за да се добие со купете и кабриолетот во Германија ќе бидат потребни 9.500, а за Gran Coupe верзијата 8.500 евра повеќе. Цената на стандардните изведби на М6 изнесува 126.600, 134.000 односно 131.400 евра.

клучни зборови: новитети, BMW

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии