На врвот со врвот

Новиот Audi Q7 беше претставен на нашата јавност на врвот на Водно
Објавено на 4 јули 2015 година

 Audi Q7

Под мотото „на врвот со врвот“, увозникот на Audi за Македонија го претстави врвниот Q7. Ваквата презентација имаше за цел симболично да покаже каде е местото на новиот SUV модел на Audi. Новиот Q7 кој веднаш по излегувањето на светскиот пазар беше окарактеризиран како луксузен и комфорен, но со спортска едноставност е приказ на компетентноста на брендот со четири прстени. Со самото тоа што тежи 325 килограми помалку поставува повисоки стандарди во својата класа. Поекономичен е во споредба со својот претходник и опремен е со најнови системи за помош на возачот, информативно-забавен систем и бројни опции за поврзување. Овој автомобил е издвоен како исклучително комфорен, но во исто време ги нуди сите перформанси кои ги имаат и спортските модели на Audi.

„Порше Македонија го лансира знаменосецот на SUV семејството на Audi кој со својата совршеност привлече доста познати имиња од светскиот џет-сет веднаш по неговото интернационално пазарно деби, што е вистинска потврда за нашето успешно работење. Со овој прекрасен нов модел ние ја прошируваме нашата понудата во премиум сегментот за целосно задоволство на клиентите“, изјави Златко Муцунски, генералниот менаџер на Порше Македонија. На тоа бренд менаџерот за Audi во Македонија Винко Марашевиќ се надоврза: „Од неговото прво појавување на пазарот во 2006 година до денес Q7 е продаден во повеќе од 500.000 примероци, за конечно по 9 години да имаме можност да уживаме во најновиот модел кој веќе е изложен во салонот на Audi во Скопје“. Најмногу имаше, но не можеше сé да каже Александар Цветковски, продукт менаџер во Порше Македонија кому му беше доверена задачата на присутните новинари да им ги објасни напредните системи на новиот Q7. Да мораше да каже сé за овој нов SUV, уште ќе бевме на врвот на Водно.

клучни зборови: Македонија, Audi

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 35

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии