Mitsubishi Outlander PHEV

Plug-in хибриден пионер

Mitsubishi се пофали дека по само четири години од лансирањето досега во Европа се продадени 100.000 примероци од Outlander PHEV
Објавено на 5 февруари 2018 година

Настапувајќи како прв plug-in хибриден кросовер во светот и засега единствен во својата класа во Европа, Mitsubishi Outlander PHEV зафаќа повеќе од 10% од продажбата на марката на Стариот Континент. Најдобро е примен во Велика Британија каде се пласирани една третина од целокупните испораки и е најпродаван електричен или plug-in хибриден модел на пазарот. Одлично котираат Холандија, Норвешка и Шведска, чии купувачи меѓу првите ги препознаа неговите напредни технологии. Покрај бензинскиот тој поседува 
Mitsubishi Outlander PHEVуште два погонски електромотори, сместени на предната и задната оска. Иновативно поврзани и усогласени тие му обезбедуваат погон на сите тркала, но и 60-тина електрично поминати километри. Режимот на возење се прилагодува автоматски, врз основа на условите на движењето на возилото. Следејќи го одличниот прием на Outlander PHEV во Јапонија и Европа, Mitsubishi од минатиот месец започна со негово производство и во САД.

Видео

клучни зборови: занимливости, видео, Mitsubishi Outlander PHEV

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии