Малиот Polo и големиот Touareg се подновија

Следејќи ги трендовите што сам ги наметна, Volkswagen ги поднови малиот Polo и големиот Touareg
Објавено на 20 септември 2014 година

 Volkswagen Polo

Ништо невообичаено, би рекле - тоа е нормален и редовен процес што секој го прави. Но, она што ги одвојува овие две вести од мноштвото слични други е тоа што Polo доби верзија моќна како Touareg, а Touareg, пак, мотор со кој троши како Polo.

Најновиот член на семејството на Polo традиционално ја носи ознаката GTi. За да ја заслужи, Volkswagen одреди дека ќе биде потребен 190-коњски турбо мотор од 1,8 литри. Овој нов агрегат, кој го заменува претходниот од 1,4 литри, спарен со шестстепен мануелен менувач го лансира Polo GTi до 100 km/h за 6,7 секунди и дотерува до респектабилни 236 km/h. За споредба, претходниот Polo GTi со 10 коњски сили помалку и DSG менувач забрзуваше за 6,9 секунди и постигнуваше 228 km/h.

Истовремено, Volkswagen се пофали дека на другиот крај на понудата, обновениот Touareg со 3,0 литарскиот TDi V6 мотор со 204 KS е способен да помине 100 km со само 6,6 литри гориво и да испушти во атмосферата 173 g/km CO₂. Во споредба со претходникот тоа значи помала потрошувачка за 0,4 литри и помала емисија за 11 g/km. Подобрувањата дури се и поголеми кај помоќните верзии на овој мотор, кои располагаат со 245, односно 262 коњски сили - заштедата се искачува на 0,6 l/100 km гориво. Обновениот Touareg ќе се најде во продажба оваа есен.

 Volkswagen Touareg

клучни зборови: новитети, Volkswagen

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии