Kortezh

Лимузината на Путин

На својата четврта инаугурација старо-новиот претседател на Русија Владимир Путин се провози со својата нова лимузина, позната како Кортеж. Направена е во Русија од компанијата NAMI и има ознака Aurus 41231SB. Името е кованица од зборовите злато и Русија (Aurum + Russia), а од есенва кога ќе се најде во продажба ќе биде пласирана под името Senat. Податоците за неа се крајно измешани. Според производителот таа е долга 6,6 метри, широка 2 и висока 1,7 метри. Има 4,4 литарски битурбо V8 мотор со 598 коњски сили, но за комерцијалната верзија е планиран 6,6 литарски V12 мотор со четири турбо компресори и 850 коњи развиен со помош на Porsche Engineering. Погонот е на сите тркала преку деветстепен автоматски менувач, а тежи 6,5 тони (не, не е грешка - тоа е заради блиндирањето). Во една прилика е спомената и нејзината цена која треба да се движи околу 7 до 8 милиони рубљи, што е некаде околу 100 илјади евра, секако за обичната изведба без дополнителна заштита. Но во друга прилика е споменато дека таа всушност ќе има за 60-тина сантиметри помала должина и 2,2 литарски четирицилиндричен мотор со 245 коњи.

 

Видео

клучни зборови: новитети, видео, Kortezh

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 62,50
биодизел Б6 63,00
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии