Toyota Avalon

Lexus со знакот на Toyota

И покрај неодамнешните активности со кои ја осмислува иднината на мобилноста, Toyota цврсто се задржа во сегашноста
Објавено на 23 јануари 2018 година

Проценувајќи дека после четири години колку што е на пазарот му дошло времето за замена, Toyota ја покажаа новата генерација на големиот седан Avalon. Чудниот за нас дизајн атрактивно е дополнет со добро осмислени детали кои не задираат во неговата конзервативност. Новата платформа донесе поголема должина, која се растегна на точно пет метри. Поголеми се и широчината и меѓуоскиното растојание, со што е добиена натпросечна внатрешност за оваа класа. Исполнета е со сé што купувачите ќе посакаат, 
Toyota Avalonза нивниот комфор се грижат и подобрата изолација и активното варијабилно ослонување. На возачот на располагање ќе му бидат четири режими на возење и бројни системи за асистенција обединети во новата генерација на наградуваниот Safety Sense пакет. Палетата мотори се состои од унапредениот 3,5 литарски V6 во комбинација со 8-степена автоматика и хибридизираниот 2,5 литарски агрегат со CVT трансмисија.

Овој модел кој е најголем во гамата на Toyota се произведува во Кентаки и покрај Америка е достапен само на Блискиот Исток и во Јужна Кореја.


Toyota Avalon

клучни зборови: новитети, Toyota Avalon

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии