Комунистички талибан:
Без девојки на Шангај мотор шоу

Згодните и разголени манекенки годинава ќе останат без својот хонорар од шангајскиот авто салон
Објавено на 19 февруари 2015 година

Кинезите на салонот на автомобилите во Шангај годинава ќе гледаат само гол лим - за секси манекените ќе нема место. Имено, пред неколку години кинеската владина канцеларија за етика им упати сериозни предупредувања на организаторите на салонот во Пекинг заради разголените манекенки, со образложение дека со својата „сугестивна“ облека предизвикуваат „негативни социјални влијанија“. Пораката беше примена и организаторите на овој салон, кој на секои две години се менува со шангајскиот, се потрудија да не дојдат повторно во ситуација да привлекуваат „вулгарен публицитет“. Тогаш преку раце добија и организаторите на далеку помалиот салон на автомобили во Ченгду. Шангајците, чиј ред е годинава да бидат домаќини на големата автомобилска смотра, за да не си ја предизвикуваат среќата јавно ја изразија својата намера да го задржат фокусот на автомобилите и технологиите, иако декларативно не се за забрана изложените автомобили да ги придружуваат манекенки. Организаторите на салонот, кои пред две години се „провлекоа“ пред строгото око на чуварите на моралот заради силниот земјотрес кој ја потресе областа Сечуан првиот новинарски ден, поуката ја добија од државната кинеска телевизија која во претходниот период едноставно игнорираше неколку помали авто салони заради наведената причина.

Каде е повлечена црвената линија на добриот вкус ќе дознаеме на 20 и 21 април, за кога се закажани новинарските денови на салонот на автомобилите во Шангај, кој годинава се одржува по 16 пат. Влогот е голем - на претходната манифестација во 2013-та настапија околу две илјади изложувачи од 18 земји, кои на 280.000 квадратни метри изложија околу 1.300 возила. За време на седумте салонски дена нив ги видоа 813 илјади посетители, а точно 10.496 новинари ревносно известуваа за 111-те нови модели и 69-те концепти кои ја имаа својата премиера таму.

клучни зборови: занимливости, салони, Шангај

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии