Porsche Panamera GTS

Колку за загревање…

Porsche започна со најавување на своите новитети за Лос Анџелес
Објавено на 17 октомври 2018 година

Салонот на автомобили во Лос Анџелес сé уште е далеку, но Porsche веќе ја заскокотка јавноста со своите новитети. За почеток со GTS верзиите на новата генерација на Panamera, чиј четирилитарски V8 агрегат е засилен на 460 коњски сили. Бројката е за само 20 повеќе од шестцилиндричната Panamera 4S, но затоа вртежниот момент порасна за 70 њутн-метри. Со погон на сите тркала и осумстепената PDK трансмисија забрзува до сто на час за 4,1 секунда, а и достигнува максимални 292 километри на час. Подобрувањата продолжуваат и под кожата на Panamera GTS. 
Porsche Panamera GTSТаа стандардно е опремена со активен воздушен систем за ослонување кој ја спушта каросеријата за 10 милиметри. Сопирачките се поголеми - предните дискови се со дијаметар од 390, а задните 365 милиметри. Измените во внатрешноста се скромни и ограничени на пософистициран избор на материјалите. Внимание треба да привлече и новиот head-up дисплеј за кој од Porsche не кажаа многу. Колку е подобар од претходниот ќе дознаат купувачите кои за овој спортист во смокинг ќе платат 140 евра.

Вистинскиот новитет за Лос Анџелес - новата генерација на 911, Porsche сепак го чува во тајност.


Porsche Panamera GTS

клучни зборови: новитети, Porsche Panamera GTS

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе