Кој сака да биде милионер?

Секој се разбира, но некои веќе се
Објавено на 5 декември 2018 година

Peugeot неодамна прослави значаен момент - производството на 500.000 примероци од 3008 и 1.000.000 од 308. Настанот на свој начин го прославија десетте илјади вработени во фабриката во Сошо, каде се произведуваат овие два модела кои се гордост на брендот. Од своето лансирање во октомври 2016 година, Peugeot 3008 е вистински хит на пазарот. Тој е третото најдобро продавано возило во Франција годинава, со што Peugeot е лидер во SUV категоријата во Европа заедно со 2008 и 5008. Овој модел има добиено 63 светски награди, вклучувајќи ја и престижната награда „Автомобил на годината“ за 2017-ма. Peugeot 308 пак, со произведени повеќе од 1.000.000 возила ширум светот од 2013 година, е лидер во Ц-сегментот во Франција. Исто така има добиено повеќе од четириесет светски награди, вклучувајќи ја исто така и титулата „Автомобил на 2014 година“ во Европа.


Peugeot 308 3008 Овие два модела беа развиени од страна на проектните тимови од Сошо и тестирани на патеките на тамошниот центар. За да се задоволи побарувачката од овие две возила сега се произведуваат по 860 примероци од 308 на ден и повеќе од 1.000 од 3008. Овие две глобални возила се продаваат секаде каде што е присутен брендот. Во Сошо треба да се произведат скоро 500.000 возила оваа година, а од своето основање оваа фабрика има направено повеќе од 23 милиони автомобили, главно од марката Peugeot.


Peugeot 308 3008

клучни зборови: занимливости, Peugeot

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • McLaren 720S Spider

    Може и без покрив

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе