Кој е најголемиот хулиган?

Објавено на 13 февруари 2018 година

Со зборовите кој е најголемиот хулиган, Triumph го одбележа заминувањето на 2017 година која ја смета за една од најдобрите во својата понова историја. Наново препороден во 1983-тата, овој производител на мотоцикли важи за најголем и најпознат кој доаѓа од Велика Британија. Дебелата историја му помогна во опоравувањето од јапонската наезда, кое за жал траеше долго. Тоа сепак сега е минато, бидејќи Triumph лани успеа да продаде 63.400 мотоцикли и да забележи пораст на заработувачката која се искачи на 560 милиони евра. Гледно низ проценти тоа значи за 13 отсто повеќе продадени мотоцикли и за 22 отсто повеќе заработени пари. Тоа му дава одлична стартна позиција за годинава, во која се надева на уште подобри резултати. Како поткрепа за тоа ја има гамата која во текот на годинава ќе доживее солидно пополнување. Освен на новите модели акцентот е ставен и на специјалните изведби на постоечките, кои носат значителни екстра приливи на компанијата. Аналитичарите сепак порачуваат дека Triumph има поинаков метод за пресметка на бројките, но како и да е пред нас е година во која нé очекуваат многу возбудувања од англиската мото-марка.

Видео

клучни зборови: занимливости, видео, Triumph

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 35

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии