Кој е кој на топ листите најпродавани автомобили

Додека се чека на доаѓањето на автомобилската пролет и новитетите кои таа со себе ги носи, светот ги пребројува возилата што лани се продадоа
Објавено на 5 март 2018 година

Според сé уште неофицијалните податоци, лани на глобално ниво купувачи најдоа рекордни 90 милиони нови автомобили и доставни возила. Како исклучително позитивен сигнал посебно се истакнува фактот дека порастот на оваа бројка од 2,7 отсто го надминува зголемувањето на популацијата кое изнесуваше 1,2%. Во моментов во светот циркулираат повеќе од милијарда возила, меѓу кои најчесто име што се среќава е Toyota Corolla. Овој јапонски модел кој се произведува во 16 фабрики е апсолутен лидер низа години и досега 
Honda Civicстигна до 46 милиони продадени примероци. Иако лани забележа намалување на продажбата од 5,8 отсто, со пласираните милион и 160 илјади примероци значително му води на второрангираниот Volkswagen Golf. Toj на светско ниво освои 833 илјади купувачи, од кои 546 илјади во Европа. Мало изненадување барем за нас, е третото место за Honda Civic кое го освои со 788 илјади пласирани возила.

Така е на глобално ниво, а во Европа ситуацијата е малку поинаква. Зад Golf со за 32 отсто помала продажба се најде Clio, кој пак за влакно ја задржаа својата позиција пред Volkswagen Polo. Вкупно во цела Европа лани се продадоа 15,6 милиони возила, што е најмногу во последниве десет години. Интересно поклопување е што во истиот период учеството на дизел автомобили лани беше најмало. Ваквиот тренд се очекуваше, исто како и порастот на продажбата на кросовер моделите кои сé почесто и повисоко се пробиваат на топ-листите насекаде низ светот. Во последниве години порастот на нивната продажба е четири до пет пати поголем отколку порастот на пазарот. Меѓу нив Toyota повторно е лидер, овој пат со RAV4. Ниту Honda со CR-V не заостанува многу, а веднаш зад нив е Volkswagen Tiguan. Иако специфични, не треба да ги испуштиме ниту пикапите кои доминираат со американскиот пазар. Драстично расте и продажбата на електрични возила, но нивното присуство на пазарот сé уште е повеќе од симболично.


Volkswagen Golf

клучни зборови: занимливости

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии