Kia ProCeed

Kia со ProCeed ги предизвикува SUV-моделите

Корејците на времето се пробиваа со кросоверите, а сега тргнаа против нив
Објавено на 4 октомври 2018 година

Корејците се чудо од народ - на времето се пробиваа со кросоверите, а сега тргнаа против нив. Во првиот арсенал се наоѓа новиот Kia ProCeed, кој во основа е спортски купе-караван со пет врати. Со тоа, тој ги има сите карактеристики на едно чудо модели од разни класи, што го прави интересен во очите на оној што знае што да гледа. Прашањето е дали и купувачите ќе го гледаат со истите очи. Во врска со тоа, засега можеме да бидеме оптимисти во поглед на пазарниот успех на овој модел, бидејќи кога се гледа навистина зрачи со магнетна привлечност, толку голема што ги оттргнува мислите од SUV-моделите.


Kia ProCeed Дизајниран во Европа, новиот ProCeed e инспириран од атрактивниот истоимен концепт што го видовме минатата година ова време во Франкфурт. Има должина од 4,6 метри, височина од 1,42 и меѓуоскино растојание од 2,65 метри, што му даваат провокативни габарити - некои тука во Париз дури го споредуваа и со Mercedes SLA Shooting Brake. Во однос на стандардниот хечбек клиренсот му е намален за 5 mm, а багажникот зголемен на 594 литри. Внатрешноста е пополнета со поквалитетни материјали и побогата опрема, а од Kia тврдат и дека ергономијата е подобра. Меѓу другото, стандардно ќе се добиваат автоматски светла и keyless entry систем, а ќе биде достапен и со 7 или 8-инчен екран чувствителен на допир, JLB аудио систем, Wi-Fi хотспот, кожени седишта, алуминиумски детали во кабината, систем за надгледување на мртвиот агол, адаптивен темпомат и другите асистенти на возачот кои го сместуваат меѓу возилата со второ ниво на автономија.

Во гамата мотори се бензинците 1.0 T-GDi со 120 KS и 1.4 T-GDi со 140 KS, како и 1.6 CRDi дизелот со 136 KS. Сите освен најслабиот ќе можат да се добијат и со седумстепен менувач со двојна спојка, кој ќе биде логичен избор на GT верзијата со 1,6 литарскиот турбо мотор со 204 KS, која во истиот пакет ќе донесе и впечатлив аеро боди кит, поголеми тркала, модификувано ослонување, спортски издувен систем, посилни сопирачки и дотеран ентериер. Kia ProCeed ќе се произведува во добро познатата фабрика во Словачка, а стартот на продажбата е најавен за почетокот на следната година. Не е познато дали овој модел ќе се нуди и на другите пазари освен европскиот.


Kia ProCeed

клучни зборови: новитети, Kia ProCeed

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 2

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе