Kia Ceed

Нов изглед, ново име

И официјално е потврдено дека Kia во Женева ќе го претстави новиот Ceed
Објавено на 7 февруари 2018 година

Со агресивен изглед полн со самодоверба инспириран од Stinger и ново име, третата генерација на Kia Ceed пристигнува во Женева. Педантните веќе забележаа - го нема апострофот во ознаката но затоа ќе има иновативни технолошки решенија, нови погонски агрегати и доста нагласен спортски стил. Покрај хечбекот со пет врати ќе биде претставен уште еден, засега мистериозен член од семејството кое досега вбројуваше уште и тривратна и караван верзија. Со сигурност се претпоставува дека тоа ќе биде нова купе-караван изведба, но ќе мора да почекаме за детали. Развиен и произведен во Европа, новиот Ceed на пазарот ќе се појави веќе во вториот квартал годинава.

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, Kia Ceed

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии