Rolls-Royce Electric

И Rolls-Royce ќе вози на струја

Објавено на 5 февруари 2018 година

После 11 години постојан раст, Rolls-Royce забележа пад на продажбата. И тоа значаен - за 16 отсто, најмногу заради замената на генерациите на Phantom. Ова сепак беше доволно да се запалат светлата за тревога и за да нема ризик за иднината, од британскиот производител пристигнаа вести дека се подготвува ново електрично возило. Според раководството на марката, за оваа одлука се заслужни самите купувачи. Тие постојано прашувале за еден ваков модел, посебно откако е претставен новиот Phantom. За него засега ништо не е дефинирано освен дека ќе мора да има нова или значително модификувана платформа. Rolls-Royce во 2011 година разви концепт на електричен автомобил но бргу го заборави. Компанијата оттогаш воопшто нема работено на полето на електрификацијата на своите возила.

клучни зборови: занимливости, поглед во иднината, Rolls-Royce

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии